• недела, 30 јуни 2024

Продолжува реконструкцијата на водоводната и канализациска линија во Велес

Продолжува реконструкцијата на водоводната и канализациска линија во Велес

Велес,13 март 2023 (МИА) - Екипи на ЈКП „Дервен“ од Велес ја завршија реконструкцијата на канализациската линија на ул. Ганчо Хаџи Панзов“. Завршена е и реконструкцијата на првата делница од застарената водоводна линија на ул. Лазо Осмаков, во должина од 200 метри. Активностите ќе продолжат и во текот на оваа седмица, информираат од ЈКП „Дервен“.

 Тие најавуваат дека и во наредниот период продолжуваат со континуирани активности за реконструкции на водоводната и канализациската линија.

 Воедно информираат дека  изминатата седмица вон редовните активности исчистени се ул. Ѓоре Органџиев, ул. Васил Главинов, ул. Алексо Демниев, ул. АСНОМ, ул. Благој Ѓорев, смет околу контејнерите на повеќе локации во градот и рекреативниот центар езеро  Младост“, во близина на Велес.ад/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан