• петок, 22 ноември 2024

ВМРО-Народна партија: Колку Македонија е посилна против бугарскиот диктат толку е поотворена и без никаков проблем го спроведува српскиот диктат

ВМРО-Народна партија: Колку Македонија е посилна против бугарскиот диктат толку е поотворена и без никаков проблем го спроведува српскиот диктат

Скопје, 30 јуни 2024

Во текот на вчерашниот ден во нашата држава на три места беше одбележано освојувањето на Македонија од страна на Караѓорѓева Србија при што главниот настан се одржа во Штип, а во контекст на Брегалничката битка помеѓу Србија и Бугарија.

Овие настани кои очигледно веќе стануваат рутина се одбележуваат секоја година, а како главен настан е организирањето прослава под споменикот „Зебрњак“ во Куманово.

На овие одбележувања покрај стандардната „иконографија“ традиционално се установи името „Стара Србија“ или „Јужна Србија“ и терминот „ослободување“ на Македонија, а најкарактеристичниот дел е што во сето ова официјално зема учество и државата со самото тоа што на секој настан присуствува и македонската армија со македонското знаме. 

ВМРО-Народна партија постојано укажува на тоа дека на секој од овие настани ниту еден таканаречен македонски патриот не реагира, така што можеме слободно да кажеме дека колку Македонија е посилна против бугарскиот диктат толку е поотворена и без никаков проблем го спроведува српскиот диктат во Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан