• петок, 22 ноември 2024

Продолжува расправата во собраниската Комисија за продолжување на кризна состојба во енергетиката

Продолжува расправата во собраниската Комисија за продолжување на кризна состојба во енергетиката
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) – Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност и денеска шести ден расправаат за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државата, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија и за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Претседателот на Комисијата, Миле Талевски без образложување даде пауза од околу еден час. Пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов праша дали Владата има направено анализа, имаат ангажирано тим од професионалци и дали држават има пари да го поднесе тоа. -Со вакви аматери ние имаме работа и вакви аматери и неспособни мораме да ги трпиме. Јас ве охрабрувам и ве поддржувам да не ги трпиме, туку едноставно да ги вратиме назад во Владата, да си направат соодветни анализи  и потоа ќе дебатираме не само во Собранието, потоа ќе имаме јавна расправа со професори и членови од јавниот сектор, рече Пренџов. По завршувањето на расправата во матичната собраниска Комисија, пратениците на пленарна седница ќе треба да гласаат за продолжување на кризната состојба во енергетиката, со што ќе се овозможи шестмесечно продолжување на кризната состојба, од 1 октомври до 30 април 2023. фф/нд/

Остани поврзан