• петок, 08 ноември 2024

Продолжува поддршката за најранливите категории кумановци, вметнати и нови категории

Продолжува поддршката за најранливите категории кумановци, вметнати и нови категории

Куманово, 4 јули 2024 (МИА) - Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово, денеска ги информираше граѓаните дека продолжуваат мерките за субвенционирање предвидени со програмата за социјална заштита за 2024 година. Проширена е и категорија на опфат на лица кои можат да користат субвенции, кажа раководителот на секторот за социјална заштита, Александар Крстевски на денешната прес-конференција.

Поради изборите, кумановци од социјални ранливи категории не можеа да ги користат субвенциите.

- Општина Куманово ќе продолжи да им излегува во пресрет на ранливите со низа мерки согласно потребите на граѓаните и финансиските можности на општината. Сите граѓани имаат право на пристоен живот. Најранливите треба да имаат посебна грижа и внимание. Од Државната комисија за спречување на корупција имавме известување дека доколку се почне со мерките пред изборите ќе се сметаат за изборен маркетинг. Овој временски период го надополнивме со нов број корисници, рече Крстевски.

Кумановци можат да аплицираат за субвенционирање на трошоци за комунални услуги (вода и депонирање на смет) каде се опфатени стечајни работници, самохрани родители, згрижувачки семејства, лица кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители и родителска грижа, лица со попреченост над 26 годишна возраст и приматели на право на посебен додаток.

- Со завршување на изборниот процес и формирање на Владата, продолжува субвенционирањето на комунални трошоци за 2024 година. Засегнатите граѓани кои до сега не поднеле барање, а ги исполнуваат условите, ќе можат да поднесат барање за категоријата во која припаѓаат и истото ќе можат да го сторат до крајот на 2024 година. Бројот на опфатени корисници ќе биде сè до искористување на финансиските средства кои се предвидени за оваа мерка согласно програмата е 6.480 000, појасни Крстевски.

Граѓаните, можат детално да се информираат од официјална страна на Општина Куманово или лично во Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, општинска зграда-поранешен Козјак.

-Важно за напомена е, дека сите претходно усвоени барања на подносителите на кои им е одобрено користење на субвенцијата, имаат прекин во истата, поради изборниот процес, за што сите се уредни информирани. Од овие реални причини, Општина Куманово одлучи да го продолжи рокот за прибирање на барања за субвенционирање на комунални трошоци, за да се искористат целосно финансиските средства предвидени за оваа намена, додава Крстевски

По извршена анализа, одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово утврдило дека има потреба за проширување на категориите на лица кои се наоѓаат под најголем социјален ризик, покрај постоечките лица корисници на гарантирана минимална помош во Центар за социјална работа, Куманов, многудетни семејства, лица корисници на право на социјална сигурност на стари лица, се додава и категоријата, лица со интелектуална попреченост, лица со телесна попреченост, потполно слепо и потполно глуво лице. Предвидени се 5, 4 милиони денари. ам/цр


Фото: МИА


 
 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан