• сабота, 14 декември 2024

Гаши за МИА: Комисиската расправа за Буџетот за 2025 ќе започне на 14 ноември, седницата ќе биде закажана во втората недела од декември

Гаши за МИА: Комисиската расправа за Буџетот за 2025 ќе започне на 14 ноември, седницата ќе биде закажана во втората недела од декември

Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) - Комисиската расправа за Предлог-Буџетот за 2025 година во Собранието ќе почне на 14 ноември, а пленарната седница за негово носење се очекува да биде закажана во втората недела од декември, изјави денеска во интервју за МИА претседателот на Собранието Африм Гаши. 

-Предлог-Буџетот за 2025 година е донесен на 5 ноември. Неколку дена ќе остане во Собрание за разгледување. Комисиската расправа ќе почне на 14 ноември и трае до 30 ноември. Значи по новиот Деловник, веќе е утврден крајот на ноември односно 30 ноември како последен датум кога треба да заврши комисиската расправа. Потоа се носи предлогот до Влада, очекуваме Владата да го дополни предлогот и во втората недела од месец декември треба да биде свикана пленарната седница, која трае пет дена и се надеваме дека во рамки а тие четири - пет дена ќе биде донесен буџетот за 2025 година, изјави Гаши во интервју за МИА.  

Во интервјуто за МИА, Гаши зборува за работата на Собранието, за примената и недоследностите во новиот Деловник за работа, за односите и соработката со премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, за владината коалиција, за можните уставни измени, како и за ривалството меѓу Вреди и ДУИ во албанскиот политички кампус. 

Интервјуто со претседателот на Собранието МИА во целост ќе го објави утре. ев/ац/

ФОТО: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан