• понеделник, 23 декември 2024

Продолжува исплатата на неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Продолжува исплатата на неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Скопје, 9 јули 2024 (МИА) - Министерството за образование и наука информира дека паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци, продолжуваат етпно да се исплаќаат и во текот на оваа работна недела. 

-Средствата не беа исплатени од претходното раководство. Иако поддршката беше ветена, исплатата се реализираше само за еден месец или за два месеца и тоа на мал број апликанти. Тоа е потврда за негрижата кон граѓаните од страна на претходната Влада.  Преостанатиот износ се исплаќа и очекуваме  процесот целосно да биде заокружен во текот на следниот месец. Ги замолуваме граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи секој што ги исполнил условите, ќе ги добие предвидените средства, соопшти МОН.

Министерството наведува дека минатата недела се реализирани исплати на финансиска поддршка за  февруари и март за околу 13 илјади ученици. 

-Истовремено, сакаме да потенцираме дека со доаѓањето на новата Влада, младите ќе бидат во фокусот на политиките, а квалитетот на образованието и можностите за реализација на личниот потенцијал во границите на својата земја, плански и континуирано ќе се зголемуваат. Наместо периодични и краткорочни решенија, плнирани се системски и долготрајни квалитетни мерки за поддршка на учениците, студентите и нивните семејства, информира Министерството за образование и наука. хс/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан