• петок, 22 ноември 2024

Продолжува гаснењето на пожарот на грчкиот остров Крит, утрово подобрена ситуацијата

Продолжува гаснењето на пожарот на грчкиот остров Крит, утрово подобрена ситуацијата

Атина, 9 август 2024 (МИА) – Рано утрово значително е подобрена ситуацијата со пожарот во централниот дел на грчкиот остров Крит, во општина Ретимно, што е активен веќе трет ден, а интервенираат над 250 пожарникари, како и авиони и хеликоптери, јави дописничката на МИА од Атина.

Борбата со огнените јазици траеше во текот на ноќта, во текот на вчерашниот ден од бројот 112 за итни случаи беа испратени осум пораки, од кои седум за евакуација на жителите на населени места во близина на пожарот.

Од Атина беа испратени дополнителни противпожарни сили и со нив на островот замина и надлежниот министер за климатска криза и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас, кој доцна синоќа истакна дека сите воздушни средства ќе останат на Крит, но и дека никој нема да си замине додека не се изгаси пожарот.

Според државната телевизија ЕРТ предизвикана е огромна материјална штета со изгорени над 2.000 хектари површина.

Пожарот избувна во средата, вчера наутро ситуацијата беше значително подобрена, меѓутоа поради силниот ветер имаше континуирани разорувања и во попладневните часови беше вон контрола. ср/

Остани поврзан