• среда, 13 ноември 2024

Прогноза: Републиканците на пат да освојат мнозинство и во Претставничкиот дом

Прогноза: Републиканците на пат да освојат мнозинство и во Претставничкиот дом

Вашингтон, 12 ноември 2024 (МИА) - Според прогноза на агенцијата Decision Desk HQ, републиканците можат да обезбедат 218 места во долниот дом на американскиот Конгрес и со тоа да обезбедат мнозинство, кое веќе го обезбедија и во Сенатот. Исходот од уште осум трки се уште не е решен, но тие имаат поголеми шанси отколку демократите, прогнозира DDHQ.

Засега, демократите имат осигурано 205 места додека републиканците имаат 214.

Според најновата прогноза на оваа агенција, Републиканската партија може да ја добие контролата врз двата дома на Конгресот во јануари, кога избраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе должноста. Републиканската партија со тоа ќе направи хет-трик, заземајќи целосна контрола врз извршната и законодавната аласт во САД. Со ова, новиот шеф на државата ќе може да ги реализира своите планови за кратење на даноците и економски реформи во федералната влада.

Уште една агенција, Edison Reaserch, претходно даде точна прогноза за тоа дека републиканците ќе обезбедат мнозинство во Сенатот, со минимум 52 места против 46 за демократите. Според DDHQ републиканците ќе задржат минимум 218 места за мнозинство во Претставничкиот дом, иако состојбата со осумте преостанати трки заклучно понеделник навечер, како се бројат гласовите во уште неколку држави од западниот брег како Калифорнија и Невада, засега останува неизвесна. кб/

Остани поврзан