• понеделник, 29 април 2024

Пријавено повредено дете од нападот на Иран врз Израел

Пријавено повредено дете од нападот на Иран врз Израел

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Службата за брза помош „Маген Дејвид Адом“ соопшти дека нивните медицински лица лекуваат 10-годишно дете во јужен Израел, кое било рането во иранскиот напад.

Детето од бедуинскиот град во близина на Арад, е во критична состојба, информира МДА.

Не е јасно дали момчето било повредено од делови од проектил или од пресретнувач.

Засега нема други извештаи за повредени луѓе. јт/

Остани поврзан