Притвор и кривична пријава за „предизвикување на општа опасност“ за косовски државјанин за пожарот во Општина Тетово
- Осомниченот за пожарот во подрумите на Општина Тетово доби кривична пријава и притвор од осум дена, информира денес Министерството за внатрешни работи (МВР). СВР Тетово поднесе ја кривична пријава против Б.Р.(38) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Тетово, 10 октомври 2024 (МИА) - Осомниченот за пожарот во подрумите на Општина Тетово доби кривична пријава и притвор од осум дена, информира денес Министерството за внатрешни работи (МВР). СВР Тетово поднесе ја кривична пријава против Б.Р.(38) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
-На 06.10.2024, пријавениот предизвикал пожар во подрумските простории на општина Тетово, по што бил фатен и лишен од слобода. Од судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена кој ќе ја издржува во Казнено-поправната устнова Затвор Шутка во Скопје, информираат од МВР.
Пожарот изби во неделата 6 октомври околу 15 часот, а осомничениот беше најден и приведен во понеделникот 7 октомври околу 20 часот на булевар „Маршал Тито“. Во пожарот изгоре изборен материјал кој бил складиран во подрумските простории. Тетовската пожарна информираше дека пожар бил изгаснат за неколку часа од 12 пожарникари со четири возила.ас/са/
Фото: МИА