Принцот Хари: На интернет има премногу омраза, поделби и лаги
- Војводата од Сасекс рече дека го предупредил извршниот директор на Твитер, Џек Дорси за најавените политички немири во САД - еден ден пред смртоносните немири на 6 јануари годинава кај Капито
Лос Анџелес, 10 ноември 2021 (МИА) - Војводата од Сасекс рече дека го предупредил извршниот директор на Твитер, Џек Дорси за најавените политички немири во САД - еден ден пред смртоносните немири на 6 јануари годинава кај Капитол. Тој притоа нагласи дека на интернет владеат омразата, поделбите и лагите.
- Го предупредив дека неговата платформа дозволува провокации и повици за државен удар, изјави принцот Хари на техничкиот форум „RE: WIRED“ во САД.
Тој зборуваше на собир за дискусија за социјалните медиуми, дезинформации и омраза на интернет. Дорси, кој е извршен директор на Твитер, досега не даде јавен коментар за ова прашање. Принцот Хари, кој сега живее со својата сопруга, Меган Маркл и нивните две деца во Калифорнија, беше претставен како соосновач на добротворната организација „Арчвел“ (Archewell).
Војводата го искористи своето лично искуство со омразата на интернет за да посочи дека социјалните мрежи не прават доволно за да го спречат ширењето на лажни информации. си/ссм/