• среда, 17 јули 2024

Примопредавање на градоначалничката функција во Неготино

Примопредавање на градоначалничката функција во Неготино
Неготино, 27 октомври 2021 (МИА) - Примопредадена е градоначалничката функција во Неготино, откако претходно, Општинската изборна комисија му го додели на Горан Стојанов, уверението за новоизбран градоначалник. Во кабинетот, тој се ракуваше со Тони Делков, досегашен градоначалник на Неготино. - Имам голема чест и задоволство, но истовремено и обврска, да им служам на жителите на општина Неготино, рече Стојанов. Тој нагласи дека од денеска започнува реализацијата на најавените проекти, се со цел општината да биде што е можно подобро место за живеење. свд/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан