• четврток, 21 ноември 2024

Прилеп ќе почне со присилна наплата на неплатените даноци

Прилеп ќе почне со присилна наплата на неплатените даноци

Прилеп, 8 ноември 2024 (МИА) - Прилепската локална самоуправа започнува постапка за присилна наплата за сите кои не платиле данок на имот и комунална такса. Крајниот рок даночните обврзници да ги подмират заостанатите обврски е 30 ноември. Во текот на годинава, Општината ги испрати опомените до физичките и правните лица.

-Станува збор за неплатени околу 30 милиони денари на име данок на имот, комунална такса, фирмарина. Во овој период ги опоменуваме сите кои неплатиле, физички и правни лица, обврските да ги завршат до крајот на месецов, потоа ќе следува присилна наплата. Некои даночни обврзници со години не плаќале, објаснува Горан Стојаноски, раководител на одделението за буџетска контрола при локалната самоуправа во Прилеп.

Од локалната самоуправа информираат дека рокот во кој требаше да се изврши плаќање на доставените опомени е изминат, па Општината започна со изготвување решенија за присилна наплата кои ќе ги достави до даночните обврзиници и носителите на платен промет, односно до банките. За да се избегне блокирањето на сметките, апелираат гражаните и правните лица до крајот на месецов да ги подмират долговите.

Некои даночни обврзници со години не плаќале. Моментално, наплатата на данок на имот е 57 проценти. ем/сст/
фото МИА архива
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан