• петок, 22 ноември 2024

Прилеп ќе ги награди пожарникарите со 900 000 денари за пожртвуваноста за справување со големиот пожар во Мариово 

Прилеп ќе ги награди пожарникарите со 900 000 денари за пожртвуваноста за справување со големиот пожар во Мариово 

Прилеп, 19 октомври 2024 (МИА) - Со 900 000 денари ќе бидат наградени прилепските пожарникари за несебичната пожртвуваност и вложувањето во борбата со големата огнена стихија, пожарот во Мариово кој беснееше околу две недели во првата половина на септември годинава.

-На последната седница советниците ја изгласаа одлуката за обезбедување 900 000 денари од општинскиот буџет како награда за пожарникарите за нивните труд и пожртвуваност кога Прилеп се соочи со големиот пожар во Мариово, најголемата огнена стихија во историјата на градот и која опфати најголема територија од сите пожари во државава, изјави Ирена Стерјоска Локвенец, претседателка на општинскиот совет на Прилеп.

Пожарот во Мариово беснееше во периодот од 1 до 10 септември. Во гаснењето беа вклучени пожарникарите од приелпската противпожарна еденица, нивни колеги од другите градови, припадници на МВР и на АРМ и на Дирекцијата за спасување.

Противпожарната единица во Прилеп, надлежан за Регионот и за општина Долнени брои 44 пожарникари од кои 34 се вработени на неопределено, а 10 се на определено работно време. Според бројот на жители, во единицата треба да има 65 пожарникари и во наредниот период да се обнови целата опрема за ефикасно дејствување. ем/цр

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан