• понеделник, 13 мај 2024

Признание од Украина за прилепскиот уметник Крстевски

Признание од Украина за прилепскиот уметник Крстевски

Прилеп, 31 јануари 2024 (МИА) - Прилепскиот уметник, сатиричар и карикатурист Златко Крстевски доби признание од Украина. Тој учествува со свое дело на меѓународната уметничка изложба на минијатури во Украина, по повод 150-годишнината од уметничкиот роденден на сликарот Василиј Кричевски.

Оригиналните дела се инспирирани од творештвото на уметникот и се изложени во уметничката галерија „Галерија Кос Тур“ во Суми, Украина. Крстевски на меѓународната изложба се претставува со дело – слика во комбинирана техника. Кустос на изложбената поставка е Роман Голуб.

Напоредно, уметникот Златко Крстевски учествува и на интернационалната изложба во Галеријата на Руската Академија на уметност во Москва, учествува со неколку сатирични акварели со мировни тематики за 2024 година. Кустос на Интернационалната изложба во Москва е Николај Чернишев.ем/фф/

Фото: Архива на Златко Крстевски

Остани поврзан