• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведен 18-годишен неготинец за закана со нож на малолетничка

Приведен 18-годишен неготинец за закана со нож на малолетничка

Неготино, 26 март 2025 (МИА) - Млад неготинец бил лишен од слобода по пријава дека со нож ѝ се заканувал на малолетничка, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода Ѓ.Т., на возраст од 18 години, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Маршал Тито“ во градот, со нож се заканил на малолетната ќерка на И.Д., на возраст од 43 години од Неготино, појаснуваат од СВР - Велес.

Кај Ѓ.Т. бил пронајден и одземен ножот. Од СВР - Велес додаваат дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/сст/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан