• понеделник, 23 декември 2024

Приведен охриѓанец поради кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“

Приведен охриѓанец поради кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - СВР Охрид утрово, во 00:25 часот, на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид го лишила од слобода З.У.(20) од Охрид. Тој се сомничи дека е сторител на кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, сторено на 8 ноември 2024 година во 23:30 часот пред спортска сала во Охрид.

Како што соопшти МВР, со повреди нанесени со остар предмет се здобиле С.Д.(25) од селото Лактиње, општина Дебрца, Ф.Б.(22) и И.А.(22), двајцата од Охрид.

- Во врска со овој настан, на 9 ноември 2024 во 00:40 часот, во СВР Охрид повикан е Х.С.(20) од Охрид и пронајдено е моторно возило „бмв“ со охридски регистарски таблици, кое било управувано од осомничениот.  Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави, се наведува во соопштението. мд/сст/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан