Приведен осомничен крадец во Тетово, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот
- Тетовската полиција вчера во 16.00 часот го лишила од слобода Џ.И. (38) од тетовско Камењане, кој се сомничи дека извршил тешка кражба во куќата на Џ.Р. (61) од истото село, при што одзел повеќе предмети.
Скопје, 6 март 2024 (МИА) - Тетовската полиција вчера во 16.00 часот го лишила од слобода Џ.И. (38) од тетовско Камењане, кој се сомничи дека извршил тешка кражба во куќата на Џ.Р. (61) од истото село, при што одзел повеќе предмети.
Како што информираат од МВР, одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Џ.Р. бил задржан во полициска станица.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/дма/