• четврток, 16 мај 2024

Приведен криумчар од Студеничани, пронајдени десет мигранти од Сирија

Приведен криумчар од Студеничани, пронајдени десет мигранти од Сирија

Скопје, 9 август 2023 (МИА) - Полицијата од ОВР Неготино вчера во 20 часот пред влез во Неготино, на регионалниот пат Демир Капија - Неготино, го лишила од слобода дваесетгодишниот О.Р. од скопското село Студеничани, осомничен за кривично дело „криумчарење мигранти“.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, околу 15.15 часот на автопатот А1, на делницата Демир Капија - Неготино, во близина на место викано Острово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово забележале патничко возило „волво“ со скопски регистарски таблички од друго возило, кое излетало од патот, а возачот го напуштил местото.

-Во близина на возилото биле пронајдени десет лица мигранти од Сирија. По преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и полициски службеници од ОВР Неготино, малку подоцна, возачот бил пронајден и лишен од слобода. Тој бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, наведува МВР.

Министерството информира дека против О.Р. денеска ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. хс/ цр

Фото: МИА архива 

Остани поврзан