• четврток, 16 мај 2024

Приведен криумчар на мигранти

Приведен криумчар на мигранти

Скопје, 28 август 2023 (МИА) - На место викано „Света Мина“ во Куманово вчера во 17:50 часот од полициски службеници од Mобилната единица при Одделот за гранични работи и миграции е лишен од слобода М.А. (28) од село Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти. 

Како што информира МВР, тој управувајќи возило „ауди“ на автопатот Е-75 не застанал на даден знак за запирање на возилото од полициските службеници и се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности, бил сопрен и лишен од слобода. 

-Во возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Сирија, соопштија од МВР. 

За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.вј/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан