• четврток, 16 мај 2024

Приведен криумчар на мигранти од скопско Рашче

Приведен криумчар на мигранти од скопско Рашче

Скопје, 7 август 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица вчера го лишиле од слобода Б.А.(27) од скопско Рашче, кој во 21.15 часот тој бил затекнат со А.А.(18), мигрант од Сирија, при илегално преминување на државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија.

Како што денеска информираа од МВР, мигрантот бил сместен во прифатно – транзитен центар, а Б.А. бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/

Фото:МИА

Остани поврзан