Приведен криумчар на мигранти за издржување четиригодишна затворска казна
- На бул.„Илинден“ во Скопје денеска во 12.15 часот од слобода е лишен З.В.(56) од Скопје.
Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) - На бул.„Илинден“ во Скопје денеска во 12.15 часот од слобода е лишен З.В.(56) од Скопје.
Тој бил баран по распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик.
Од МВР информираа дека лицето ќе биде предадено на надлежната казнено - поправна установа за издржување на казната. цр/