• недела, 02 јуни 2024

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 28 декември 2023 (МИА) - Од тетовската полиција вчера бил приведен криминалец од Голема Речица, кој бил баран со потерница за одлежување казна затвор во Идризово.

МВР информира дека вчера, околу 11.30 часот, со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 44-годишниот Х.И. од тетовска Голема Речица. Тој бил баран со централна потерница за издржување на затворска казна од две години и еден месец за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

- Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната, велат од полицијата. ир/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан