• вторник, 02 јули 2024

Патриот 2016 против Вардар во женското финале во М-18 кошаркарската лига

Патриот 2016 против Вардар во женското финале во М-18 кошаркарската лига

Делчево, 2 јуни 2024 (МИА) - Кошаркарките на „Патриот 2016“ од Делчево кои се домаќин на завршниот турнир во М-18 лигата, ќе играат со ЖКК „Вардар“ во финалето, откако вчеравечер беа надмоќни во вториот полуфинален меч против „Бадел 1862“ со 72:61. 

Домашната екипа имаше постојана иницијатива во текот на целиот меч, а меѓу најзаслужните за победата се капитенот Ана Ангеловска која со 30 поени го одведе својот тим кон финалето, како и сестрите Мелани и Радмила Стоименовска кои реализираа 32 поени.

Финалето помеѓу „Вардар“ и „Патриот 2016“ е закажано за денеска од 19 часот, а претходно ќе се одигра натпреварот за третото место помеѓу екипите на „Пробскет“ и „Бадел 1862“.

Натпреварите се играат во салата „Методија Митевски-Брицо“ во Делчево. вс/вј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан