• петок, 28 јуни 2024

Делови од Волково и Радишани утре без струја

Делови од Волково и Радишани утре без струја

Скопје, 2 јуни 2024 (МИА) - Корисниците од Волково на потегот од кружниот тек кон село Кучково утре од 9:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Ѓоре Ѓоревски“ на третиот влез во населбата Радишани.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа од стана на екипи на ЕВН Македонија АД.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан