• понеделник, 08 јули 2024

Приведен криминалец баран со потерница за тригодишна затворска казна

Приведен криминалец баран со потерница за тригодишна затворска казна
Скопје, 4 април 2023 (МИА) - Во Скопје на ул.„Кирил и Методиј“ денеска во 13.30 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Т.(45) од населба Илинден – Скопје.
 
Како што информираа од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 383 од Кривичниот законик.
 
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната. цр/нд/
 
Фото:МИА

Остани поврзан