• недела, 22 декември 2024

Приведен кривопаланчанец за напад на лица во деловен објект

Приведен кривопаланчанец за напад на лица во деловен објект

Крива Паланка, 12 јануари 2024 (МИА) - Триесет и четиригодишен жител на Крива Паланка синоќа бил приведен од полицијата поради физички напад на две лица, извршен во деловен објект на магистралниот пат.

-Синоќа околу 23 часот, полициски службеници од Одделениe за внатрешни работи Крива Паланка го лишиле од слобода триесет и четири годишниот паланчанец Д.Н., поради тоа што во деловен објект на магистрален пат во Крива Паланка физички ги нападнал В.С. и О.М., двајцата жители на Крива Паланка. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.

Ова е втора физичка пресметка на подрачјето на Општина Крива Паланка за помалку од дваесет дена, нешто пред нова година во ОВР Крива Паланка е регистрирана физичка пресметка меѓу повеќе лица на улицата "Св. Јоаким Осоговски".

Полицијата работи на расчистување на случаите. ид/сст/

фото МИА архива

Остани поврзан