• петок, 28 јуни 2024

Приведен крадец во скопско

Приведен крадец во скопско

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициското одделение Петровец, вчера во 14:20 часот во село Бунарџик, општина Илинден, го лишиле од слобода С.М.(64) од село Бунарџик.

Како што соопшти денеска МВР, тој се сомничи дека околу 10:30 часот во продажен објект во селото со закана кон вработените одзел повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица, по што било пренесено во здравствена установа во село Бардовци, скопско.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан