• недела, 22 декември 2024

Приведен крадец во Битола, расчистени седум кривични дела

Приведен крадец во Битола, расчистени седум кривични дела

Скопје, 2 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола расчистија шест тешки кражби во верски објекти и една тешка кражба во обид.

Како што денеска соопштија од МВР, по преземени мерки било утврдено дека В.И. (50) од кочанското село Полаки, во периодот од 04.11.2022 до 08.12.2022, со употреба на сила и подесен предмет влегувал во цркви во селата Логоварди, Долно Српци, Црнобуки, Далбеговци, Радобор и Новаци и одзел пари.

- Тој делата ги извршил додека бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор Куманово, каде издржува казна затвор за други сторени кривични дела „тешка кражба“ во повеќе места во државата. Со него бил извршен службен разговор во Затвор Куманово, при што ги признал делата, се појаснува во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик. цр/сп/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан