• четврток, 27 јуни 2024

Приведен жител на неготинско село кој не почитувал судска наредба и се заканувал на мајката и братот

Приведен жител на неготинско село кој не почитувал судска наредба и се заканувал на мајката и братот

Неготино, 8 јуни 2024 (МИА) - Неготинец е лишен од слобода бидејќи не почитувал судска забрана и им се заканувал на мајка си и братот, информираа денеска од СВР Велес. 

- Синоќа  во  20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(27) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 28-годишен брат, според која тој не го почитувал решението од Основен Суд Неготино со мерка забрана за приближување и влегување во домот, па дошол во домот и им упатил закани на пријавителот и нивната мајка, појаснија од СВР Велес. 

Оттаму информираа дека З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. свд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан