• четврток, 18 декември 2025

Приведен возач од Тетово, управувал возило со брзина од 111 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Приведен возач од Тетово, управувал возило со брзина од 111 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Скопје, 28 април 2025 (МИА) - На регионалниот пат Тетово-с.Јажинце вчера во 16.10 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Л.(49) од Тетово.

Како што денеска соопштија од МВР,  тетовецот е приведен затоа што управувал патничко моторно возило „хонда“,  со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 50 км на час.

Н.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“. цр/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан