Приведен бегалец, осуден на казна затвор од 15 години
- Полициски службеници од тим Потраги од Одделението криминалистички работи Центар и Бит Пазар денеска го лишиле од слобода Ш.А.(37) од Скопје.
Скопје, 24 јули 2023 (МИА) - Полициски службеници од тим Потраги од Одделението криминалистички работи Центар и Бит Пазар денеска го лишиле од слобода Ш.А.(37) од Скопје.
Од МВР информираа дека за него била распишана централна потерница поради бегство од КПУ Затвор Куманово, каде издржувал казна затвор во времетраење од 15 години.
Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната. цр/лв/
Фото:МИА