• петок, 22 ноември 2024

Приведено лице од Турција поради давање поткуп

Приведено лице од Турција поради давање поткуп

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - Приведено лице од Турција поради давање поткуп на раководителот на смена на Граничниот премин Долно Блаце.

Од МВР информираат дека вчера, околу 03 часот, на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во РСМ се пријавил К.С. (53) од Турција, но по извршена пасошка контрола било утврдено дека веќе го искористил дозволениот туристички престој од 90 дена во последните 180 дена и поради тоа му бил одбиен влез и бил вратен назад во Косово.

- Околу 03.30 часот К.С. повторно дошол на граничниот премин и на раководителот на смена му ја дал патната исправа и во неа банкнота од 100 евра, со барање да му се дозволи влез во РСМ. К.С. веднаш е лишен од слобода поради кривично дело „давање поткуп“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од полицијата. ир/са/

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан