• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведени тројца крадци во Неготино

Приведени тројца крадци во Неготино

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - Утрово во 02:30 часот на регионалниот пат Неготино - Градско, кај циглана во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Д.К.(19) од Велес, С.Т.(25) од село Црвени Брегови, неготинско и еден малолетник.

Како што соопшти МВР, тие се затекнати како товарат предмети во патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки и при преглед во возилото пронајдени се предмети кои ги одзеле од двор на фирма во Неготино.

-Пронајдените предмети и возилото се одземени, за настанот се запознаени адвокат за малолетници, Центар за социјални работи и јавен обвинител. Д.К. и С.Т. се задржани во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението. дма/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан