• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МД „Илинден“ - Тирана му го честиташе изборот на новиот поглавар на Албанската автокефална православна црква

МД „Илинден“ - Тирана му го честиташе изборот на новиот поглавар на Албанската автокефална православна црква

Дебар, 24 март 2025 (МИА) - Македонското друштво „Илинден“- Тирана денеска упати честика до Неговото блаженство архиепископ Јован, по повод изборот за поглавар на Албанската автокефална православна црква.

-Од мое лично име, во името на друштвото, како и од македонското национално малцинство кое живее во Република Албанија, упатуваме честитки за вашиот достоен избор за архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, стои во честиката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Се додава дека во речиси тридеценискиот период, како митрополит на корчарската митрополија, ги почитувал сите верници и бил почитуван од сите нив и му се посакува „долга и одлична служба како Првосвештеник“.

-Под Ваше раководство, автокефалната православна црква на Албанија ќе продолжи да биде силен столб на верата, мирот и духовните вредности за верниците и за целото албанско општество. Ви честитаме од с è срце, стоиме со голема почит и љубов во Бога, посакувајќи ви долга и одлична служба како Првосвештеник, се посакува во честитката. вт/дма/

Фото: Лого

Остани поврзан