• петок, 22 ноември 2024

Приведено лице од кумановско за издржување шестгодишна затворска казна

Приведено лице од кумановско за издржување шестгодишна затворска казна

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска околу 3 часот по полноќ го привеле И.Љ.(46) од село Черкези, кумановско, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор од шест месеци за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Како што информираат денеска од МВР, И.Љ. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната. сст/дма/

фото МИА архива

 


 

Остани поврзан