• вторник, 02 јули 2024

Приведени две лица, претрес во Кавадарци, пронајден хероин

Приведени две лица, претрес во Кавадарци, пронајден хероин

Скопје, 20 јануари 2023 (МИА) – Полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци вчера во 16:00 часот ги лишиле од слобода О.Б.(39) и А.М.(42), двајцата од Кавадарци, поради тоа што А.М. во близина на училиште во Кавадарци му продал хероин на О.Б..

Врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци, информираа денеска од МВР, бил извршен претрес во домот на А.М., при што бил пронајден и одземен хероин. Лицата се приведени во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава. цр/дма/

Остани поврзан