• сабота, 27 април 2024

Приведени двајца скопјани осомничени за тешка кражба на сеф, поднесена кривична пријава

Приведени двајца скопјани осомничени за тешка кражба на сеф, поднесена кривична пријава

Скопје, 19 април 2024 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода вчера ги лишиле од слобода В.З.(23) и В.Т.(36), двајцата од Скопје, соопшти денеска МВР.

Тие се сомничат дека на 01.04.2024 во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.

- Со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двете лица, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело. СВР Скопје – ЕВР Кисела Вода  до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а судија на претходна постапка на едното лице му определи мерка притвор, се вели во соопштението од МВР. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан