• сабота, 18 мај 2024

Приведени двајца кумановци за кражба

Приведени двајца кумановци за кражба

Скопје, 2 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово, вчера, ги лишиле од слобода лицата Д.С.(19) и Д.С.(28), двајцата од Куманово, поради сомнение за кражба со физички напад на лице. 

Како што известуваат од Министерството за внатрешни работи, лицата се сомничат дека на 29 ноември годинава, на бензинска пумпа на улица „Доне Божинов“ во Куманово, физички го нападнале вработениот и со закана му одзеле пари од дневниот промет.

 - По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР. сан/са/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан