• четврток, 27 јуни 2024

Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер

Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер

Скопје, 18 мај (МИА) - Струмичката полиција вчера околу пладне во Струмица го лишила од слобода Љ.Ѓ.(46) од овој град. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, црна прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.. 

Како што информираат денеска од МВР, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/дма/

фото МИА архива

 

Остани поврзан