• понеделник, 23 декември 2024

Приведени разбојници во Скопје

Приведени разбојници во Скопје
Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје денеска расчистија кривично дело разбојништво, сторено синоќа на бензинска пумпа на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје. - Имено, околу 00.45 часот вработен на бензинската пумпа пријавил дека едно лице со закана со остар предмет одзело пари од дневниот промет. Набргу, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го пронашле и лишиле од слобода Г.С.(39) од Скопје, а бил пронајден и предметот со кој го извршил делото. Притоа, тој го признал делото, а по дополнителни преземени мерки било утврдено дека откако го извршил делото бил физички нападнат од неколку лица кои биле со патничко возило „мерцедес“, кои му ги одзеле парите, соопштија од МВР. Исто така, по преземени мерки, од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба било пронајдено возилото и лицето кое го управувало Р.С.(25) од с.Сингелиќ, Скопско. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. цр/ац/

Остани поврзан