• петок, 22 ноември 2024

Претставници од Министерство за правда во посета на Уставниот суд во Турција 

Претставници од Министерство за правда во посета на Уставниот суд во Турција 

Скопје, 9 февруари 2024 (МИА) - Делегација на Министерство за правда на Република Северна Македонија го посети Уставниот суд во Анкара. Како што соопшти Министерството за правда, за време на посетата биле разменети мислења и искуства за одредени правни прашања кои се од посебен интерес за два суда кои се однесуваат на разликите и сличностите од аспект на надлежностите и предизвиците со кои се соочуваат.

-На средбата се дискутираше и за новата Стратегија за развој на правосудството (2024-2028)  и Акцискиот план каде е предвидено зајакнување на улогата на Уставниот суд во остварување на начелото на владеење на правото и заштита на човековите слободи и права, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

За време на посетата, како што се наведува во соопштението, соговорниците констатирале дека сработката меѓу Уставните судови на Северна Македонија и Република Турција е од големо значење за заштита на човековите слободи и права.

Претставниците од Министерството за правда им се заблагодариле на турските домаќини, истакнувајќи дека пријателските односи, взаемната почит и соработката меѓу двата суда ќе продолжат и во наредниот период. дма/аа/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан