• петок, 22 ноември 2024

Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски оствари средба со градоначалникот на Тетово Биљал Касами

Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски оствари средба со градоначалникот на Тетово Биљал Касами

Скопје, 24 јули 2024

Со работен состанок со градоначалникот на Тетово Биљал Касами, претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски продолжи со серијата средби со градоначалниците која се одвива периодов со цел да се изнајдат решенија за предизвиците со кои се соочуваат единиците на локалната самоуправа.

Во  конструктивна атмосфера, беа споделени повеќе идеи и практики кои треба да донесат подобри услови за граѓаните.

-Уште една од низата плодни средби и разговори за поубави општини. Денес остваривме средба со мојот колега и градоначалник на Тетово Биљал Касами, како и претставници од неговиот кабинет. Како претседател на ЗЕЛС со Биљал поразговаравме за неговата досегашна работа во изминатите две години, но и за проблемите со кои се соочуваат жителите на Тетово и она што треба да се направи за поквалитетен живот. За проблемите на Тетово, како и за сите општини во Македонија ние заеднички ќе изнајдеме решенија. Среќен сум што со новата власт предводена од премиерот Христијан Мицкоски, имаме вистински партнер во унапредување на квалитетот на животот на нашиот народ и убеден сум дека новото време кое доаѓа, носи само убава иднина. Игнорантскиот однос од минатата власт останува само едно бледо сеќавање кое никогаш повеќе нема да се повтори. Поделбата на партиска или било каква основа, сеењето страв и омраза помеѓу народот не е она кое нас нѐ опишува. Ние сите сме деца на оваа држава и како такви мораме да го дадеме својот максимум за подобра иднина на генераците кои доаѓаат по нас. Продолжуваме со работа, бидејќи нашиот народ тоа го заслужува, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

Општина Кисела Вода

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан