• недела, 22 декември 2024

Претседателите на Русија и Белорусија, Путин и Лукашенко се сретнаа на руски остров

Претседателите на Русија и Белорусија, Путин и Лукашенко се сретнаа на руски остров

Москва, 25 јули 2024 (МИА) - Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко се сретнаа на островот Валаам во езерото Ладога, во руската Република Карелија, јави БТА.

Шефот на белоруската држава е во работна посета на Русија. На дневен ред на средбата се и преговорите со Путин во различни формати. Лидерите на двете земји ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со развојот на билатералните односи, започнувањето партнерски проекти, регионалната безбедност и меѓународната агенда.

Путин и Лукашенко веќе двапати се сретнаа на овој остров. Пред една година го посетија манастирот Спасо-Преображенски кој се наоѓа на островот Валаам. Двајцата првпат беа заедно на островот во јули 2019 година. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан