Претрес во Скопје, пронајдена марихуана
- Лишен е од слобода скопјанецот З.Т.(60) кај кој се пронајдени 1,780 килограми марихуана.

Скопје, 4 април 2025 (МИА) - МВР соопшти дека вчера во 18.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Т.(60) од Скопје кај кој, при претрес во неговиот дом и подрумските простории на подрачјето на Чаир, се пронајдени и одземени дигитална вага и 1,780 килограми марихуана.
Марихуаната била складирана во 14 тегли и во една кеса.
Претресот е извршен по наредба од Основен кривичен суд Скопје, а по целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка. мч/аа/
фото: МИА