• понеделник, 06 мај 2024

Претрес во Куманово, приведен дилер

Претрес во Куманово, приведен дилер

Скопје, 17 февруари 2024 (МИА) - Полициски службеници вчера го привеле 19-годишниот Т.М. од Куманово откако при претрес на неговиот дом, пронашле марихуана.

- На 16.02.2024 во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Т.М.(19) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, била пронајдена марихуана, информираат од МВР.

Т.М.бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. ир/лв/


Фото: МИА архива

Остани поврзан