• сабота, 21 декември 2024

Претрес во Кичево, приведен лихвар

Претрес во Кичево, приведен лихвар

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Во Кичево вчера во 15.30 часот полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Л.А.(64) од Кичево поради сомнение дека е сторител на кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

МВР денеска соопшти дека со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени поголема сума пари во различни валути и апоени, златен накит и други предмети.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан