• недела, 12 мај 2024

Претреси во Штип, пронајдени дрога и пиштол, приведен дилер

Претреси во Штип, пронајдени дрога и пиштол, приведен дилер

Скопје, 31 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип, вчера околу 19.15 часот во Штип го лишиле од слобода штипјанецот М.С.(41).

-При претрес, извршен со судска наредба, во неговото возило и во канцеларијата што ја користи, во неговото возило биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и предмети со остатоци од бела грутчеста материја. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен, исто така, со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пиштол „Пјетро Берета“ со рамка со осум куршуми, 83 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети со остатоци од бела грутчеста материја, соопштуваат денеска од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан