• петок, 21 јуни 2024

Концерт на „Мизар“ и „Хармосини“ во Македонска филхармонија

Концерт на „Мизар“ и „Хармосини“  во Македонска филхармонија

Скопје, 12 мај 2024 (МИА) - Култниот „Мизар“ и хорот „Хармосини“ вечер во Македонска филхармонија ќе го одржат концертот „Гласови". На сцената ќе бидат придружувани од десетина врвни инструменталисти - група на free јazz музичари и класично-гудачка секција.

Концертот со ваков концепт се одржува прв пат, а најавен е како своевиден спектакл кој ќе понуди незаборавно, сосема поинакво доживување - добра музика, одлична атмосфера и моменти за историја. Публиката ќе има можност да ги слушне„Бело море“, „Константинопол“, „Златно сонце“, „Градот е нем“, „Амфилохиј“, „1762“, „Глас“, „Ходен Же“,... 

Ансамблот кој стои зад „Гласови“ брои 17 члена. Во него, покрај „Мизар“ (Горазд Чаповски и Илија Стојановски) и „Хармосини“, вклучен е и оркестар предводен од аранжерот и диригент Дени Омерагиќ. Оркестарот го сочинуваат Драган Теодосиев и Кристијан Новковски (тапани), Нинослав Спировски (кларинет и саксофон), Благојче Томевски (кларинет и бас кларинет), како и петчлената гудачка секција: Глигор Кондовски, Тони Арслан, Сања Смилевска, Фиола Исмаили и Марко Крстевски. 

Според фронтменот на „Мизар“, Горазд Чаповски, ова ќе биде почеток на ново откровение. 

-„Мизар“ не е само музика. „Мизар“ е повеќе од обичен рок-бенд. „Мизар“ е борба, пркос. „Мизар“ е еден од бедемите на македонската музика, култура и национален идентитет, велат организаторите на концертот.

Чаповски во четвртокот, на прес-конференцијата по повод „Гласови“, најави нов материјал кој, како што рече, може да се очекува наскоро. мч/цр

фото: МИА

Остани поврзан