• сабота, 21 декември 2024

Прес конференција на министерката Димитриеска Кочоска за ребалансот на Буџетот

Прес конференција на министерката Димитриеска Кочоска за ребалансот на Буџетот

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска во Владата ќе одржи прес-конференција за ребалансот на Буџетот.

Како што информира владината прес-служба, Димитриеска Кочоска ќе ја образложи донесената одлука на вчерашната владина седница.

Владата вчера на седница расправаше за ребалансот на Буџетот, а министерката во изминатиот период информираше дека ќе има пари за плати и пензии и за се што е преземено како обврска согласно закон, како и дека ќе се крати од непродуктивните трошоци.

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа, во телевизиско гостување, повтори дека состојбата со Буџетот е алармантна, но со ребалансот, како што напомена, ќе се стабилизира.

По усвојувањето од страна на Владата, ребалансот треба да се препрати во Собранието каде се очекува да биде изгласан најдоцна до првата половина на август. мч/дма/

фото: ФБ на министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска

Остани поврзан